Макрон: Франција и Германија не го напуштаат дијалогот со Москва

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон, по средбата со германскиот канцелар, Олаф Шолц, во Берлин, денеска изјави дека Франција и Германија нема да се откажат од дијалогот со Москва и во тој контекст за в петок најави дека ќе има телефонски разговор со неговиот руски колега Владимир Путин за украинската криза.

-Ќе имам телефонски разговор со претседателот Путин во петок наутро за да можеме заедно да ја разгледаме целата ситуација“, изјави Макрон во Берлин, по средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц

Макрон денеска оцени дека цената ќе биде превисока доколку Русија одлучи да ја нападне Украина.

Британските медиуми пренесуваат дека на заедничката прес-конференција со својот германски домаќин Макрон кажа дека Европа и нејзините сојузници се обединети по прашањето за Украина.

Макрон оцени дека преговорите меѓу САД и Русија за Украина се „добра работа“, но дека допрва треба да покажат јасни резултати.

Елисејската палата вчера соопшти дека Макрон ќе му предложи на Путин „патоказ за смирување на украинската криза“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз