Најмалку 37 жртви во тропска бура во Мадагаскар и Мозамбик

Од:

Тропската бура „Ана“ усмрти најмалку 34 лица во Мадагаскар и три во Мозамбик, а ја прекина струјата во Малави, соопштија денеска властите во трите земји.

Невремето, кое се формира над источниот брег на најголемиот африкански остров Мадагаскар, донесе поројни дождови кои предизвикаа поплави и свлечишта во главниот град Антананариво.

Во последниот извештај на Агенцијата за управување со катастрофи на Мадагаскар се вели дека 34 лица загинале, а речиси 65.000 останале без покрив над главата од минатата недела.

Неколку ниски населби во главниот град и понатаму се во состојба на готовност, а во текот на ноќта почна итна евакуација.

Од другата страна на Индискиот Океан, невремето во понеделникот стигна до континентална Африка, носејќи поројни дождови и силни ветрови во централниот и северниот дел на Мозамбик.

Властите во Мозамбик во вторникот соопштија дека три лица загинале, а најмалку 66 се повредени.

Според Националниот институт за управување со ризик од катастрофи, досега се погодени повеќе од 3.800 луѓе, а во текот на ноќта се уништени клиника и 16 училници.

ОН предвидуваат дека невремето ќе предизвика големи поплави, ќе раселат луѓе и ќе ја оштети инфраструктурата.

Невремето потенцијално ќе влијае на „многу ранливите популации веќе погодени од претходни природни катастрофи и конфликти во северен Мозамбик“, се вели во ажурирана информација на Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања.

Владата и агенциите на ОН проценуваат дека 500.000 луѓе би можеле да бидат погодени во провинциите Нампула, Замбезија и Софала во Мозамбик.

Во соседен Малави невремето синоќа ги остави без струја повеќето делови од земјата, откако поројните поплави го зголемија нивото на водата и го принудија електростопанството да ги исклучи своите генератори.

– Нашето производство зависи од нивото на водата и во моментов нивото е превисоко за да ги стартуваме машините. Тоа е премногу ризично, изјави Мозес Гваза, портпарол на компанијата за производство на електрична енергија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во стампедо на стадион на Мадагаскар: Најмалку 12 лица загинаа, меѓу кои и деца

(ВИДЕО) Силен тропски циклон на Мадагаскар однесе најмалку четири животи

Единаесет жртви во Мадагаскар откако полицијата пукаше во демонстранти

Најмалку 80 жртви во невремето во Мадагаскар

А1он

Опасност од хуманитарна криза поради циклонот во кој загинаа 20 луѓе на Мадагаскар

Шест жртви на циклонот Бацирај во Мадагаскар

Ана Ололовска