Ѓилас: Тврдам дека Вучиќ ќе падне на изборите во април

Од:

Претседателот на Партијата за слобода и правда (ССП), Драган Ѓилас денеска изјави дека може да „тврди“ дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ „навистина“ ќе ги загуби изборите во април, јави дописникот на МИА од Белград.

Ѓилас за телевизијата Н1 изјави дека истражувањето што таа партија го прави веќе 14 месеци покажало дека Вучиќ ќе ги загуби изборите.

-Тој (Александар Вучиќ) од истражувањата гледа дека е на прагот да победи на изборите, затоа (лидерот на Социјалистичката партија на Србија Ивица) Дачиќ нема да се кандидира, за да не ја загрози победата на Вучиќ, изјави Ѓилас.

Тој оцени дека пензионираниот генерал Здравко Понош е најдобриот кандидат за претседател на Србија и дека за тоа веќе се изјасниле огромен број интелектуалци и граѓани.

Ѓилас истакна дека Понош е кандидатот на оној дел од Србија кој сака промена на власта и дека е сигурен дека Народната партија (НС) на Вук Јеремиќ припаѓа на тој дел од Србија.

Ѓилас оцени дека ССП пред да го соопшти предлогот на кандидатот во јавноста, го презентирала пред коалициските партнери и посочи дека главниот фокус треба да биде на 3 април кога се изборите, а не „кој кого и кога предложил“.

-Не е суштината кој го предлага, туку каков човек предлагаме за претседател на Србија, нагласи Ѓилас.

Мораме да се договориме во опозицијата за што ќе разговараме во следните два месеци, сакаме да покажеме дека утре нема да има одмазда и омраза, кажа тој и додаде дека „немаше 6 октомври (уривањето на Слободан Милошевиќ), туку тоа ќе биде 4 април и ќе го спроведат државни институции, тоа е суштина и со лустрацијата секој ќе одговара за кршење на законот“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија