Иран, Гвинеја и Вануату повторно имаат право на глас во Генералното собрание на ОН

Од:

Генералното собрание на ОН синоќа соопшти дека Иран, Гвинеја и Вануату уплатиле доволно пари во редовниот оперативен буџет на ОН за покривање на долговите, што создаде услови да го вратат своето право на глас во Генералното собрание со 193 членови.

Без право на глас во Генералното собрание останаа само две земји – Венецуела и Папуа Нова Гвинеја.

Во Повелбата на Обединетите нации се наведува дека правото на глас го губат земјите-членки чии долгови се еднакви или поголеми од износот на нивната членарина за претходните две години.

Сепак, Генералното собрание е овластено да одлучи „дали неплаќањето е последица на услови кои се вон контрола на земјата-членка“ и „ако е така, на таквата држава може да ѝ се дозволи да продолжи да гласа“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Хамнеи: Преговорите со Американците може и не мора да успеат

ВИДЕО: Подготвени сме да го нападнеме Иран, порача американскиот секретар за одбрана

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“