УРА: Кривокапиќ потврдува дека ја приватизирал црногорската Влада

Од:

Со предлогот за смена на вицепремиерот, Дритан Абазовиќ, од функцијата претседател на Националниот совет за борба против високата корупција, црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ потврди дека ја приватизирал Владата и институциите заради отворена политичка пресметка, соопшти денеска Граѓанското движење УРА.

Политичката директорка на УРА, Ана Новаковиќ Ѓуровиќ изјави дека не постои ниту една формална и суштинска причина за ваквата одлука.

„Владата во претходниот период постигна резултати само во борбата против корупцијата и организираниот криминал, што беше потврдено и во Извештајот на Европската комисија за Црна Гора“, се наведува во соопштението на УРА.

Новаковиќ Ѓуровиќ изјави дека Кривокапиќ не смее да ја злоупотребува својата положба само затоа што, како што наведе, одредена одлука на Абазовиќ не му се допаднала во одреден момент.

Таа додаде дека би било добро да се види какво е образложението за ваквата одлука, бидејќи, како што оцени, тоа може да биде само политичко.

„Во секој случај тоа е политички незрела постапка и недостојна за функцијата што на Кривокапиќ му припадна благодарение на УРА и Абазовиќ“, се наведува во соопштението.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Силно невреме ја погоди Црна Гора: Поплавен е дел од Јадранската магистрала

Одмаздољубива жена е виновникот за принудното слетување на патнички авион во Подгорица

Горан Наумовски

Резолуција за геноцид повторно „затропа“ на црногорската врата

Предраг Петровиќ

Земјотрес во Црна Гора, епицентарот е меѓу Никшиќ и Даниловград

Горан Наумовски

Девојче од Црна Гора планирало терористички напад: Родителите во шок, оружје во куќата

Предраг Петровиќ

Во Беране се запали автобус со 80 деца, три се болнички згрижени

Горан Наумовски