Берлин нема да испорачува оружје на Украина

Од:

Берлин објави дека нема да испорачува оружје на Украина поради можен конфликт со Русија. Тоа го потврди германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт.

„Можам да ја разберам желбата да ја поддржиме Украина, но токму тоа веќе го правиме. Украина во февруари ќе добие комплетна теренска болница, заедно со потребната обука, која е кофинансирана од Германија во износ од 5,3 милиони евра (6,01 милиони долари)“, изјави Ламбрехт во интервју за весникот „Велт ам Зонтаг“.

Таа потсети дека тешко ранети припадници на украинските сили веќе се лекуваат во Германија и нагласи дека Берлин засега не е подготвен да го снабди Киев со оружје.

„Мораме да направиме се за да спречиме ескалација. Во моментов испораката на оружје не би била корисна, а за тоа има договор во Владата на Германија“, изјави Ламбрехт.

Германскиот канцелар Олаф Шолц повтори дека политиката на Берлин е да не доставува оружје во конфликтните зони.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски најави кога очекува голема руска офанзива

Руската православна црква нема да повика на велигденско примирје со Украина

Песков: Во моментов нема услови за разговори меѓу Русија и Украина

Со беспилотни летала Украина ги нападна руските рафинерии во Краснодар, една од нив престана да работи

Украина се подготвува да ги повлече војниците од Бердичив

Украина од фронтот ги повлекува американските тенкови „Абрамс“

Горан Наумовски