133 санкционирани возачи во Скопје, 26 за брзо возење

Од:

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

– На територија на град Скопје изречени се вкупно 133 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 26 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за технички неисправни возила. Изречени се три мерки за возење под дејство на алкохол, 10 санкции за зборување на мобилен телефон, шест мерки за непочитување на првенство на минување, три санкции за возач почетник, соопшти МВР.

Оттаму информираат дека засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски