Во Словенија во последните 24 часа има 9.858 нови зарази со коронавирус, починале 11 лица објави Институтот за јавно здравје. Позитивни се повеќе од две третини од напревените тестови што е досега најголем удел.
Од 14.714 тестови потврдени се 9.858 позитивни што е 67 проценти.
Поради ограничените капацитети за проверка на земените брисеви, Министерството за здравство на Словенија договори праќање на ПЦР тестовите во лабораторија во Германија, а преговара и со една установа од Виена во случај да дојде до уште поголемо отоварување на овластените лаборатории во Словенија.
Во болниците во земјата се лекуваат 599 ковид пациенти, 143 се на одделите за интензивна нега, бројот на активни случаи надмина 96 илјади. Од почетокот на пандемијата во Словенија починаа 5.743 лица, процентот на вакцинирани во последниот период не е значително зголемен. 57,7 посто од населението примило две дози вакцина против Ковид-19.