ВИДЕО: Поп со џип влезе во река за Водици, циркуз во Србија

Од:

Свештеник од Србија стана хит на социјалните мрежи откако се појави видео од традиционалното фаќање на крстот за Водици, каде првин со џип влегува до пола река и почнува да ги охрабрува учесниците на манифестацијата.

Додека возилото со свештеникот влегува во реката, од страна се слушаат коментари на присутните.

„Немој, ќе се преврти“, се слуша во моментот додека џипот се симнува во плиткиот дел на реката, позиционирајќи се на права позиција за фрлање на крстот во водите на реката.

Кога свештеникот се намести на вистинското место, во моментот додека момците се доближуваат до реката, се слуша прашање кое го дофрла некој од публиката кон оние кои учествуваат во фаќањето на крстот.

„Имате ли м*да?“, е прашањето по кое настапи смеа од присутните.

Засега не е познато од кое место во Србија доаѓа видеото кое за кратко време стана хит на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија