На шанкот бармен од Португалија Ве послужува со мохито, на бината настапува џез состав од Сан Франциско, а сето тоа се случува во Францускиот клварт. Се прашувата каде се случува ова? Па, секако во Шангај!
Специфичен дух, кој Шангај им го должи на различните влијанија во минатото, се чуствува на секој чекор. За разлика од поголемите кинески градови, Шангај е погоден за пешачење, па од прва рака може да се почувствува животот во градот и да се сретнаат групи луѓе кои во парковите или на улица вежбаат тај-чи.
Иако за град со таква големина очекувате да е по малку нечист и хаотичен, Шангај е вистинска спротивност на тоа. Сообраќајот сосема добро функционира и има многу паркови и дрвореди, посебно во Францускиот кварт.
Проблеми на Шангај се пренаселенсота, бучавата, загаденоста на воздухот и реките. Во 90-тите години на минатиот век тој беше прогласен за еден од еколошки најзагрозените градови во светот.
Сепак, има голем број на причини зошто би требало да се посети Шангај. Иако го викаат Париз на Истокот, денес се вели: Париз е минато, Њујорк е сегашност, а Шангај е иднината.