Грција: Груевски е за решение кое нема да влијае врз идентитетот на македонскиот народ

Од:

Македонскиот премиер Никола Груевски е за решение кое нема да влијае на идентитетот на македонскиот народ, пишува денеска грчкиот весник „Нафтемборики“.

Неколку угледни грчки весници денеска го пренесуваат одговорот на парламентарно прашање на премиерот Груевски во врска со прашањето за името, јави дописникот на МИА од Атина.

„Нафтемборики“ истакнува дека Груевски нагласил оти „ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со какво било решение што ќе предвиди промена на Уставот со цел промена на уставното име, решение што задира во идентитетот на македонскиот народ, јазикот и нацијата и нема да се дозволи какво било решение да се донесе без претходно организирање референдум“.

Под наслов „Решение без промена на нашето устевно име“, „Елефтеротипија“ на истата тема додава дека Груевски истакнал оти македонската Влада сака да ги интензивира преговорите за решавање на прашањето за името но нема одговор од грчка страна.

– Главен проблем во овој момент е што и ние и медијаторот имаме проблем да разговараме со Грција. Основен проблем е како воопшто да се воспостави дијалог за ова прашање, ја пренесува „Елефтеротипија“ изјавата на шефот на македонската Влада.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски