ВМРО-ДПМНЕ: Милевски си ја третира партијата како гранапче, затоа молчи за криминалот на СДСМ и ДУИ

Од:

Милевски си ја третира партијата како гранапче, затоа молчи за криминалот на СДСМ и ДУИ. Дури и членови на ЛДП преку медиумите обвинуваат дека Милевски откако е министер си ја вработил сопругата на Клиника, додека баџанакот го поставил за директор во Државна Лотарија велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Милевски има вработено свој братучед во Државната видео лотарија, а кумашинот во Идризово, додека кумашинката си ја вработил во министерството за локална самоуправа.БДали Милевски преку ЛДП ја поддржува мафијашката влада на СДСМ – ДУИ, за да си ги вработува роднините во администрација? Владата на СДСМ и ДУИ опстојува само затоа што Горан Милевски издејствувал министерско место за себе и вработување во државни институции на свои најблиски роднини. Горан Милевски ја држи партијата во заложништво и за свој личен и семеен интерес ја поддржува криминалната коалиција СДСМ – ДУИ заради кои сме на 111 место на листата на Транспаренси, заради кои за партизираност и не ефективна администрација не обвинува и Стејт Департментот. ВМРО-ДПМНЕ е спремна на избори без техничка влада и една изборна единица, што е главно барање на помалите партии помеѓу кои и ЛДП, еве условите ќе бидат исполнети. Нека смогнат сили пратениците на ЛДП, да изгласаме промени во изборниот законик за една изборна единица, а потоа да одиме на брзи предвремени избори, или ќе останат да му слугуваат на Милевски и неговите роднини, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ