Шесте француски воени авиони Рафал пристигнаа во Грција

Од:

Новите Рафал кои слетаа денеска се подготвени да полетаат за подобро, помирно утре за целиот регион, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на манифестацијата по повод пристигнувањето на првите шест француски воени авиони, јави дописничката на МИА од Атина.

Свеченоста се одржа во воената база на грчкото военото воздухопловство, во присуство на грчкиот премиер, претседателот на Парламентот, министерот за одбрана, францускиот амбасадор, а воените авиони откако влегоа во грчкиот воздушен простор, беа придружени од четири грчки Мираж, прелета на атинското небо и над Акропол пред да се упатат кон базата.

Од контролата на летање во воената база до пилотите на Рафал беше упатена пораката: “Добредојдовте дома“, а при слетувањето беа пречекани со топови вода, се одржа и религиозен ритуал и беа осветени.

Грчкиот премиер во неговиот говор рече дека новите воени авиони имаат и геостратешко значење бидејќи „ја прават грчката воена авијација една од најсилните во Европа и Медитеранот“ и истакна дека за „Грција секое зајакнување на нејзината одбрана претставува израз на мир“.

Додаде дека „со истата решителност со која земјата ја затвора вратата за секоја закана, ги држи отворени прозорците на дијалогот“.

Паралелно, соопшти дека ослободени од данок ќе бидат надоместоците за летање и нуркање поврзани со летови, операции со падобрани, со подморници итн, а мерка се однесува пред се на армијата, но и на грчката полиција, противпожарната и крајбрежната служба.

Во Грција треба да пристигнат уште 18 воени авиони, од кои шест во текот на годинава, уште шест кон средината на 2023 година, а веднаш потоа и последните шест Рафал.

Договорот за набавка на 18 француски Рафал во јануари минатата година го потпишаа министрите за одбрана на двете земји Никос Панајатопулос и Флоранс Парли, а десетина дена претходно грчкиот Парламент, со широко мнозинство го изгласа законот за набавка на шест нови и 12 половни воени авиони со вкупни трошоци од 2.49 милијарди евра и освен набавката, вклучуваат и трошоци за одржување, како и за набавка на опрема, односно оружје за самите авиони.

За време на Меѓународниот саем во Солун во септември минатата година, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис соопшти дека ќе набават уште шест француски воени авиони Рафал, а според грчката новинска агенција АНА-МПА во следните седмици се очекува потпишување на дополнителен договор за новите шест Рафал.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток