Раководството на Ливерпул потврди дека ги одбило 42.та милиони евра што Арсенал бил подготвен да ги плати за трансфер на Луис Суарез.
– Ние никогаш немаме изјавено дека сакаме да го продадеме Суарез. И покрај тоа добивме две поединечни понуди од Арсенал, изјави директорот на премиерлигашот од „Енфилд“ Лан Ајр.
Ова е вторпат во летниот преоден рок Ливерпул да го одбива Арсенал, откако пред дваесетина дена одби 30 милиони евра.
Уругвајскиот интернационалец повеќе пати преку медиумите упати порака дека не е среќен во Ливерпул.
Последните информации велат дека Суарез во многу брзо време ќе поднесе официјално барање за предвремен раскин на договорот поради трансфер во друг клуб.
26-годишниот уругвајски репрезентативец од 2011 година е член на Ливерпул. Претходно настапувал за Ајакс, Гронинген и Национал.