Вучиќ се сретна со Ердоган во Анкара

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Анкара се сретна со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

На Вучиќ претходно му беше приреден свечен пречек пред Претседателската палата, објави претседателот на Србија на Инстаграм.

„Ви благодариме за прекрасниот пречек! Свечено добредојде во чест на српскиот претседател Александар Вучиќ и средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган“, напиша Вучиќ.

Вучиќ ја започна својата еднодневна посета на Турција со посета на Мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на современата турска држава.

По средбата во четири очи, двајцата лидери ќе присуствуваат на третата седница на Високиот совет за соработка меѓу Србија и Турција.

Официјални лица од двете земји потоа ќе потпишат неколку договори со цел зајакнување на билатералната соработка, по што Вучиќ и Ердоган ќе и се обратат на јавноста.

Посетата на Анкара Вучиќ ќе ја заврши со вечера со турскиот претседател.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија