Анализа на Грин тенк: На Западен Балкан му е потребен Фонд за фер транзиција кон зелена енергија

Од:

За Западен Балкан е од најголема важност да добие Фонд за фер транзиција кон зелена економија од фосилни горива, се вели во нова анализа на грчката непрофитна организација Грин тенк (Green Tank).

Според нив, важно е поддршката за регионите што произведуваат јаглен во Западен Балкан да биде приоритет со цел успешно да се одговори на економските и социјалните влијанија од транзицијата кон почисти енергии.

Врз основа на резултатите од анализата, Независниот институт им препорача на оние кои одлучуваат во Западен Балкан и на Европската комисија да ја земат предвид брзината на транзиција кон чиста енергија при создавањето на фер транзициски фонд со цел прецизно и правично да се процени итноста на транзицијата за секоја земја. Се посочува и дека загадувањето на воздухот поради употребата на јаглен во регионот ги погодува не само шесте држави од Западен Балкан, туку и членките на ЕУ.

„Планирајте ја транзицијата, не чекајте средствата да бидат достапни. Оние кои ќе започнат порано ќе имаат дополнителни финансиски придобивки, како и гарантирани еколошки придобивки и значително намалување на климатските перформанси“, се вели во анализата на Грин тенк поддржана од ЦИЕ. Бенквоч…Фондот за фер транзиција основан од ЕУ е вреден 17,5 милијарди евра, а целта е да им се помогне на земјите и регионите на Унијата во транзицијата од фосилни горива во зелена економија.

Критериумите во анализата беа зависноста на секоја земја од Западен Балкан од јаглен и нафта, климатските амбиции, влијанието врз животната средина од употребата на јаглен и финансиската способност на секоја земја да се справи со предизвиците за префрлање од фосилни горива на зелена енергија.

Врз основа на овие критериуми и официјални податоци, Брин тенк разви шест сценарија за постепено напуштање на јагленот во Западен Балкан и посочи дека климатските амбиции според кои се планира ископувањето јаглен на краток рок ќе придонесат земјата да добие повеќе средства. .

Во пет од шесте анализирани сценарија, Србија би добила најмногу од што поскоро напуштање на јаглен, 45 отсто од потенцијалниот фонд за правична транзиција.

БиХ би можела да добие 35 отсто, па дури и да го надмине уделот на Србија доколку најави напуштање на јагленот до 2030 година, а Србија и Косово останаа за напуштање на јагленот во 2050 и 2040 година.

Понатаму се наведува дека Косово, доколку биде обврзано да остави јаглен до 2030 година, би добило 24 отсто од средствата на фондот.

Обврзувањето Северна Македонија да го напушти јагленот до 2027 година ќе и овозможи да повлече 13 отсто од фондот, или речиси двојно повеќе отколку ако зависноста од јаглен се продолжи до 2050 година.

Црна Гора, се наведува понатаму, би можела речиси тројно да го зголеми својот удел во фондот на четири отсто доколку одлучи да ја „пензионира“ единствената термоцентрала во 2022 година наместо во 2035 година, како што се обврза.Кога станува збор за Албанија, таа земја не произведува енергија од јаглен.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

Вархеј: Првите исплати на средства од Планот за раст ги очекуваме во текот на овој месец

Премиерот Мицкоски присуствуваше на работен ручек со Фон дер Лајен и колегите од Западен Балкан

ЕУ одобри 1,2 милијарди евра за инфраструктура во Западен Балкан

Кој ќе добие над 50.000 евра мора да е јавно објавен – Одобрени шест милијарди евра за Западен Балкан

Анита Петровска Рајковиќ