Кина: Омикрон можеби ќе може да „пристигне“ по пошта

Од:

Кина ги повикува жителите да носат маски и ракавици кога отвораат пошта, особено онаа што доаѓа од странство, откако властите изразија сомневање дека првиот случај на варијантата омикрон регистриран во Пекинг можеби пристигнал во пакет од Канада.

Властите ветија дека ќе ја засилат дезинфекцијата на странските пратки и ќе продолжат да инсистираат на целосна вакцинација на поштенските работници.

Мерките на претпазливост доаѓаат помалку од три недели пред отворањето на Зимските олимписки игри, додека неколку градови работат на запирање на нови жаришта на инфекција со коронавирус.

„Намалете ги купувањата на странска стока и пратки на минимум“, објави државната телевизија CCTV доцна синоќа во објава на социјалните мрежи.

„Заштитете се за време на предавањето лице в лице и носете маски и ракавици; обидете се да го отворите пакетот надвор“, се вели во соопштението.

Здравствените власти соопштија дека лицето заразено со варијантата омикрон отворило пакет од Канада што патувал преку САД и Хонг Конг и дека преносот преку пакетот „не може да се исклучи“. Случајот ја истакна важноста на „лична одбрана“, рече CCTV.

Слични предлози за тоа како да се постапува со пакетите, не само со оние од странство даде и Националната здравствена комисија.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски