Приведени крадци од Штип, украденото вратено на сопственикот

Од:

Тројца штипјани се уапсени вчера поради сомнение дека извршиле тешка кражба од товарно моторно возило, известува Министерството за внатрешни работи.

– На 17.01.2022 од страна на полициски службеници од Полициската станица Штип лишени се од слобода Н.Т.(21), Д.А.(18) и Г.С.(18), сите од Штип, поради сомнение дека околу 02.15 часот на ул.„Јајце“ во Штип со употреба на сила и подобен алат извршиле тешка кражба од товарно моторно возило „ивеко стралис“, со штипски регистарски ознаки, соопшти МВР.

Украденото е одземено од приведените и ќе биде вратено на сопственикот. По комплетно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

(ВИДЕО) Кражба на бакар од електро влечната потстаница Драчево, предизвикана е штета од 5 милиони евра

А1он

Крадци украдоа сеф со 200.000 евра од менувачница

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски