Страшен инцидент се случи во петокот вечерта во Брисел. Непознат млад човек намерно турнал жена на шините на метро станицата Рожие. За среќа, возот на метрото успеал да застане на време.
(⚠️Vidéo choc)
Tentative de meurtre dans la station de métro Rogier à Bruxelles ce vendredi vers 19h40. pic.twitter.com/dT0ag5qEFu— Infos Bruxelles?? (@Bruxelles_City) January 14, 2022
На снимката од надзорната камера се гледа како сторителот оди напред-назад по платформата, а потоа ја турка жената одзади на шините. Луѓето кои стојат на платформата и помагаат да се симне од шините и да се врати на платформата.
На местото на настанот веднаш била повикана полиција и брза помош, а жената и возачот на метрото се пренесени во болница. Откако им била укажана потребната нега, тие биле пуштени дома. Насилникот побегнал, но во меѓувреме е уапсен, потврди бриселското јавно обвинителство во саботата наутро.
Тој бил сослушан од истражен судија и приведен за убиство во обид. Истражниот судија назначил психијатриско вештачење да ја провери неговата состојба.