Активистот Виктор Свјатски, кој се смета за еден од идеолозите на движењето Фемен, беше претепан брутално во близина на канцеларијата на феминистичката организација во Киев.
Движењето смета дека тоа е обид за застрашување пред претстојната посета на рускиот претседател Владимир Путин.
– Поради синоќешниот напад, Свјатски беше примен во болница со повреди на лицето, сомнеж за скршеници на долната вилица, искршени заби и со значителна загуба на крв, се наведува во соопштението на организацијата.
Фемен, смета дека зад претепувањето, кое го означи како обид за убиство, стојат тајните служби.
Организацијата нагласи дека нејзините членови биле предупредени „да не се обидуваат да протестираат за време на свечената средба на постсоветските диктатори“.
Путин ќе пристигне во Украина по повод 1025-годишнината од покрстувањето на Русија.
Движењето Фемен е основано во Украина, а седиштето му е во Париз. Тоа е познато по протестни акции на активистки со голи гради.