Францускиот министер за здравство Оливије Веран е заразен со коронавирус откако денеска беше тестиран за вирусот, соопштија неговите соработници.
Веран, кој прими три дози од вакцината, отиде во изолација и ќе продолжи да работи од приватните простории на министерството каде што живее.
Министерот, кој во средата беше на владина седница, во вечерните часови бил предупреден дека е во контакт со заразено лице и затоа направил тест.