Шкендија со четири контролни дуели на зимските подготовки во Анталија

Од:

По вчерашното пристигнување во Анталија, Турција за зимски подготовки, актуелниот фудбалски првак Шкендија од Тетово денес ги објави и претстојните пријателски средби. Во турското одморалиште ќе се одиграат четири натпревари.

Фудбалерите под раководство на Бруно Акраповиќ на 15 јануари имаат натпревар со Шиофок од Унгарија, а по четири дена следи дуел со Пјаст Гливице од Полска.

– Следува средба со Варта Познањ од Полска на 23 јануари, додека последниот контролен натпревар е со Слован Либерец од Чешка на 27 јануари, информираат од клубот.

Според информациите на клупската страница, Шкендија се враќа во Тетово на 28 јануари.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска