Морисон: Министерот Хок сè уште го „разгледува“ случајот Ѓоковиќ

Од:

Австралискиот министер за имиграција Алекс Хок сè уште ја разгледува одлуката за статусот на визата на тенисерот Новак Ѓоковиќ, изјави денеска австралискиот премиер Скот Морисон.

Хок сè уште размислува за употреба на дискреционите овластувања да ја укине визата на 34-годишниот Србин, откако ги разгледал доказите обезбедени од адвокатите на Ѓоковиќ за ова прашање, изјави Морисон во Канбера.

– Ова се лични министерски овластувања што може да ги спроведува министерот Хок и нема да давам дополнителни коментари во овој момент, рече Морисон во забелешките што ги објави австралиската новинска агенција ААП.

Според ДПА, учеството на Ѓоковиќ на Австралија Опен следната недела останува нејасно во очекување на одлуката на Хок.

Суд во Мелбурн во понеделникот го поништи откажувањето на визата на Ѓоковиќ минатата недела во однос на строгите правила за влез во Австралија поврзани со коронавирусот. Ѓоковиќ не е вакциниран.

Кабинетот на Хок вчера соопшти дека дополнителните информации од адвокатите на Ѓоковиќ ја поместиле временската рамка за одлука.

И австралиските медиуми јавуваат дека Хок денеска нема да донесе одлука дали ќе му ја укине визата на Ѓоковиќ. Извор од федералната влада потврдил дека Хок сè уште размислува за ова прашање и дека нема да донесе одлука вечерва по локално време, јавија весниците „Сиднеј Морнинг Хералд“ и „Ејџ“.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ го совлада Чехот, Томаш Махах

(ВИДЕО) Новак пцуеше по победата на АО – поради провокатор не можеше да го сокрие бесот

А1он

Еден од најтешките порази во кариерата на Новак Ѓоковиќ

Ѓоковиќ го совлада Монфис и се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Бризбејн

Ѓоковиќ: Планирам да играм на повеќе турнири од минатата сезона

Новак Ѓоковиќ ќе игра во февруари 2025 година на турнирот во Доха