Димитров за Ковачевски: Нема знаење во надворешната политика, не сум сигурен дека ја следел мојата работа

Од:

Без да одговори на кого му пречел во Владата, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров им посочи на новинарите за тоа да го прашаат идниот премиер, а можеби и досегашниот премиер. Како што кажа, тој не е дел од новата Влада поради разликите во позициите во преговорите со Бугарија и принципиелноста за определени прашања. Тој посочи дека мандатарот и иден премиер, Димитар Ковачевски не може да ја оцени неговата работа, бидејќи нема знаење во надворешната политика.

„Мене идниот премиер никогаш не ми бил шеф. И не сум сигурен дека бил во позиција да ја следи мојата работа и да биде во тек со сите напори кои ги имам направено во изминатиот период. Тој нема искуство и знаење во делот на надворешната политика. Наш општ шеф е народот и тој ја дава својата оценка на избори. Јас бев еднаш на избори како носител на листа и победив. Ќе има други избори, можеби ќе бидам дел од нив и таа оценка ќе ја чекам. Меѓутоа, би рекол, непристојно е да се зборува за резултати од мојата работа во последниве четири години и седум месеци, кога сите знаеме дека најголемите успеси беа во областа на надворешната политика. Јас и во поголемиот дел од тие четири години и седум месеци како министер за надворешни работи и како вицепремиер за европски прашања од 1 година и четири месеци вклучен во европската дипломатија, го имав главниот збор токму во оваа област“, додаде Димитров.

Тој не кажа какво мислење има за наследниот на неговата функција: „На Бојан Маричиќ му посакувам успех и ќе го следам особено во овој дел што го споменав, ќе биде важно да се држи правецот, да се држат позициите, бидејќи без достоинствено решение овој проблем не може да се реши“.

Претходно, Ковачевски од Собранието посочи дека во Владата останале само тие кои имале капацитет, ги подигнале стандардите, имаат остварено инвестиции, ги исполниле обврските. Меѓу функционерите, не е Димитров. Тој посочи дека имал понуда да биде амбасадор, но одбил бидејќи одбрал да биде гласен.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме!

Горан Наумовски

Ковачевски за Ден на македонскиот јазик: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

Ковачевски: Тој што не може да формира влада значи изгубил на изборите