Амбасадата на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во либискиот главен град Триполи минатата ноќ беше цел на ракетен напад, но при инцидентот нема жртви.
Очевидци тврдат дека непознати лица од автомобил истрелале ракета врз комплексот во кој се наоѓаат Амбасадата и резиденцијата на амбасадорот, кој моментно се наоѓа во странство.
Веднаш по нападот тие избегале. Инцидентот е најнов во серијата напади врз амбасади и странски дипломати во Либија.
На 11. септември минатата година изламисти извршија ракетен напад врз американскиот конзулат во Бенгази. Во нападот загина американскиот амбасадор Крис Стивенс и уште тројца дипломати.