Покренато обвинение за браќа кои со стапови претепале човек

Од:

Гостиварското обвинителство поднесе обвинителен предлог за двајца браќа од Добридол, кој претепале човек пред угостителски објект во селото.

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против две лица од село Добридол кои како соизвршители сториле кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

На 02.05.2021 година, пред угостителски објект во селото, тие со умисла тешко телесно повредиле едно лице со кое претходно влегле во вербална расправија. Двајцата обвинети браќа, најпрвин со стапови го удриле оштетениот, а кога тој паднал на земјата, продолжиле да го удираат со клоци и боксови додека не изгубил свест. Со ударите му нанеле тешки телесни повреди – расцепни рани на главата, нагмечување на лактот и скршеница на десната потколеница“, информираат од Обвинителството.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка