Стејт департментот за посетата на Самарас

Од:

Во пресрет на посетата на грчкиот премиер Андонис Самарас на Вашингтон, како и неговото одбивање на поканата за средба за спорот за името со Македонија, американскиот Стејт департмент имаше куса реакција за прашањето за името.

– Ние ги поддржуваме тековните напори во Обединетите нации предводени од Метју Нимиц. Се надеваме дека водачите на Македонија и на Грција ќе најдат взаемно прифатливо решение на спорот за името што е можно поскоро во интерес на евроатланската интеграција, економскиот просперитет, мирот и безбедноста во регионот, одговори претставник на Стејт департментот на прашањето на МИА за реакција за одбивањето на Самарас на македонскиот предлог за интензивирање на разговорите за спорот за името.

Обама го одби првичното барање на Самарас за средба на почетокот на јуни, за потоа да најде термин на 8 август, кога Самарас ќе се сретне и со потпретседателот Џо Бајден и државниот секретар Џон Кери.

Во најавата на неговата посета, како и во сведочењето на идниот заменик државен секретар за Европа, Викторија Нуланд, како едно од грчките прашања за кое се созреани услови за решавање се наведува спорот со поделениот остров Кипар, но не и спорот со Македонија.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски