Пелоси го повика Бајден да одржи говор за состојбата на нацијата на 1 март

Од:

Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси го повика претседателот Џо Бајден да одржи говор за состојбата на нацијата пред двата дома на Конгресот на 1 март, неколку недели подоцна од вообичаеното.

„Ви благодариме за вашата храбра визија и патриотско лидерство што ја извлече Америка од кризата и воведе ера на голем напредок“, рече демократката Пелоси во писмото до американскиот претседател.

За првпат во американската историја, претседателот ќе одржи годишен говор за состојбата на унијата во март. Во изминатите сто години, повеќето претседатели се обратиле на Конгресот во јануари или февруари. Во 2013 година, тогашниот претседател Барак Обама се обрати пред Сенатот и Претставничкиот дом на 12 февруари. Првиот ден од изборите во средина на мандат е исто така 1 март. На тој ден, демократите и републиканците во Тексас ќе ги изберат своите кандидати за изборите на 8 ноември.

Би можело да ве интересира

Бајден на историски најниско ниво со поддршка од 38,7 отсто

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“

Бајден е горд на проширувањето на НАТО до границите со Русија

ВИДЕО: Бајден го нарече пристапот на Нетанјаху кон војната во Газа „грешка“

Катерина Ѓуровски