Папата Франциско против либерализацијата на наркотици

Од:

Папата Франциско се изјасни против либерализацијата на употребата на наркотици и ги повика латиноамериканските нации да се зафатат „со коренот на проблемот – шверцот на наркотици“.

– Либерализацијата на употребата на наркотици, која се разгледува на различни места во Латинска Америка, не е тоа што ќе овозможи да се намали ширењето и влијанието на хемиската зависност, изјави папата при посетата на католичкиот медицински центар во Рио де Жанеиро, специјализиран за лекување наркозависници.

Според папата Франциско, „неопходно е да се бориме со проблемите, кои се во основа на употребата на наркотици, поттикнувајќи поголема праведност и обука на младите за вредностите кои се градат во животот“.

Бразил, Гватемала, Уругвај, Мексико и Колумбија се залагаат за легализирање на марихуаната.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше