МНР: Османи на вонреден состанок на НАТО за односите на Алијансата со Русија

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска учествуваше на вонреден состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО на ниво на министри за надворешни работи што се одржа преку видеоконференциска врска.

Како што соопшти МНР, состанокот бил посветен на руското воено групирање околу границата со Украина, како и на други прашања поврзани со европската безбедност.

– Вонредниот состанок се одржа во пресрет на закажаниот НАТО – Русија Совет и другите состаноци во различни формати, со цел деескалација на кризата и изнаоѓање решение преку невоени, првенствено дипломатски начини на комуникација, информира Министерството.

Шефот на македонската дипломатија, наведува МНР, ја повтори и поддршката за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

-Изрази очекување за мирно решавање на ситуацијата во и околу оваа земја. Ја подвлече важноста на единството и кохезијата меѓу сојузниците, како силна алатка за зачувување на мирот и стабилноста, но и на блиската соработка со ЕУ и другите земји партнери, информира Министерството за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Дронови ја погодија Одеса: Повредени лица и оштетени десетици објекти

Стуб: ЕУ ќе мора да ги признае територијалните отстапки на Украина кон Русија

Несогласување во ЕУ: Унгарија и Словачка не ги потпишаа заклучоците за Украина

Захарова: НАТО е заинтересиран само за едно нешто – да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија

Русија: Маските паднаа, Европа конечно му го покажа на Трамп своето вистинско лице

Марта Кос: Без безбедна Украина, нема безбедна Европа