Предавања, документарци и фотографии за Светскиот ден на археологијата

Од:

Со серија предавања на различни теми од археологијата, презентација на документарни филмови, фотографии, размена на идеи и искуства денеска во НУ Музеј на Македонија Здружението Археологика  ќе го одбележи Светскиот ден на археологијата – 25 Јули.

– Проектот треба да обезбеди прозорец во секојдневниот живот на археолозите. Целта е што повеќе археолози кои работат, студираат или волонтираат каде било во светот да учествуваат во одбележувањето на овој ден и со скромен придонес снимајќи го нивниот ден, споделувајќи текстови, слики или видеа, да го покажат широкиот спектар на работа што луѓето од нашата професија го прават ден за ден низ целиот свет, велат од Здружението.

Целодневниот настан ќе се одвива во кино салата на Музејот на Македонија каде што ќе одвиваат предавањата, ќе се проектираат  документарни филмови, фотографии, а ќе заврши со забава на платото пред Музејот.

Со овој мал придонес од македонските археолози, преку соработката со “British Council for Archaeology” македонската археологија ќе биде презентирана и афирмирана низ целиот свет, велта од „Археологика“.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска