Изречени 172 санкции за брзо возење

Од:

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија при што санкционира 172 возачи за брзо возење. Од казнетите, седум се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а двајца со над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Вкупно 70 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 102 надвор од населено место.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апекира МВР.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР