Костадиноски: Сопственик на фирма насилник, сака да фактурира без основ, ми се заканува и напаѓа

Од:

Вчера во просториите на Oпштина Јегуновце, поточно пред архивата, додека поминував слушнав арогантен однос спрема архиварката од лице кое инсистира да направи фалсификување на документи односно да повлече фактури од 17.09.2021 и да внесе нови изменети фактури со ист датум рече на прес конференција градоначалникот на Јегуновце Димитар Костадиновски.

– Лицето кое се закануваше на архиваркате е управител на фирма за електро материјали кој два месеци се обидува преку архивата да антидатира 4 договори и 4 фактури односно да ги внесе во деловодникот. Најучтиво му укажав дека обидите за фалсификување нема да ги дозволам и доколку се чувствува оштетен слободно да востанови судски спор. Управителот на фирмата се нафрли и на мене и со најпогрдни зборови пред архиварката и уште една вработена, ме омаловажуваше и ми се закануваше. Се воздржав од било каква конфронтација и го замолив да ја напушти општинската зграда и дека пет пат му укажав дека за неговото побарување е избегнато тендерска постапка за набавка на сијалици за улично осветлување, дека и покрај избрана на тендер друга фирма за електро материјали, неговата фирма без заведен договор за набавка и без заведени фактури во архивата, бара исплата на 4 000 евра, односно 4 фактури по илјада евра плус ДДВ, за заменети 6 сијалици за улично осветлување во центарот на с.Јегуновце и 19 сијалици во приватен имот.

Управителот на фирмата го пријавил Костадиновски во полиција која според градоначалникот на Јегуновце зела изјави и констатирала дека се работи за лажна пријава. .

– Во понеделник ќе поднесам соодветни поднесоци до Јавното обвинителство за до крај да се обелодени како се работело и како се обидуваат да продолжат да испумпуваат пари од Буџетот на општината, и да не дозволам со измислени и сценирани настани да ми вршат притисок да плаќам незаконски фактури, вели Костадиновски.

Би можело да ве интересира

АВМУ и ДИК измислуваат и нов вонзаконски термин “поддржувач” за да може ВМРО-ДПМНЕ да им ги плаќа рекламите на ТВ на Максо, реагира Апасиев

СДСМ обвинува дека ДПМНЕ намерно го остава ѓубрето и го саботира ЈСП за инает на Арсовска

Манасиевски: Левичарите од Али Експрес како Реџеп Исмаил го покажаа вистинското лице, близу 300 илјади денари повлекол и тој од благајната на Левица

Катерина Ѓуровски

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја покрива неспособноста со гола пропаганда

Манасиевски: Кога делата ја демантираат реториката, вистинското лице на Левица и Мојсоска се разобличува

СДСМ: Среде пожари 400 пожарникари оставени без плата