Познатото шпанско летувалиште Палма Де Мајорка ќе се обиде да ја промени досегашна репутација на „рај на алкохолот“ за британските и германските туристи и да привлече повеќе туристи, на кои либералните закони за конзумирање алкохол не им се единствена причина за посета на ова место.
Целосното слободно конзумирање на алкохол на јавните места наскоро ќе стане минато, судејќи според најавите на градоначалникот на Палма Де Мајорка, главниот град на Балеарските Острови.
Градоначалникот Алваро Гијон најави промена на прописот, со што според него треба да се поттикне привлекувањето на богати туристи, кои во градот доаѓаат поради неговата убавина и одмор, а не заради евтиниот и насекаде достапен алкохол.
– Алкохолниот туризам ги одброја своите последни денови на јавните места. Кога луѓето ќе сакаат да се напијат, тоа ќе треба да го прават во клубовите и дискотеките, а не на плажите, рече Гијон.
Тој додаде дека властите планираат главната плажа Плаја Де Палма да ја претворат во место со богата гастрономска понуда и големи можмости за занимавање со спорт и рекреација.