Ѓоковиќ изолиран без мобилен, пред собата го чува полиција

Од:

По австралиско време, веќе е 4 по полноќ, а тенисерот Новак Ѓоковиќ е изолиран и и понатаму чека.

Го чуваат полицајци пред собата и одземен му е мобилниот телефон.

Ѓоковиќ пристигна на аеродромот Туламарин околу 13:30 часот по наше време, но не му беше дозволен влез во Австралија.

Тимот на Ѓоковиќ поднел барање за погрешна виза, која не го поддржува медицинското ослободување за вакцинација.

Граничната патрола стапила во контакт со владата на Викторија, која на Новак му дала медицинско ослободување, со цел да побара од нив писмено барање за ослободување на Ѓоковиќ.

Тие одбија и не го поддржаа барањето, па сега се чека конечна одлука.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ рутински во Ријад го победи Надал

Новак Ѓоковиќ е поразен, Синер се пласираше во финалето на егзибицијата „Шест кралеви“

Горан Наумовски

Ѓоковиќ е поразен во егзибицискиот меч во Софија од Григор Димитров

Горан Наумовски

Ѓоковиќ: Не е лесно да се игра во ваква атмосфера

A1on

Ѓоковиќ испадна од УС Опен: Го играв најлошиот тенис досега

Еуроспорт се извини за хрватското знаме покрај името на Ѓоковиќ