Елмас втор пат прележа коронавирус

Од:

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас ќе биде во комбинација за настап во составот на Наполи на утрешното дерби во Серија А против Јувентус, откако клубот од Неапол соопшти денеска дека играчот за врска е негативен на коронавирус.

Елмас, кој е вакциниран со двојна доза против КОВИД-19, по новогодишните празници требаше да се врати од Скопје во Неапол, но поради позитивен ПЦР тест што му бил направен минатиот четврток остана во домашна изолација.

Македонскиот фудбалер минатата недела по втор пат беше позитивен на Ковид-19, откако се зарази со вирусот и во октомври минатата година кога отсуствуваше од терените три недели.

Би можело да ве интересира

Елмас потпиша за Лајпциг

Горан Наумовски

ВИДЕО: Елмас со Наполи стана шампион на Италија

Катерина Ѓуровски

Елмас и Наполи на стартот против Ливерпул, ПСЖ го чека Јуве, Баерн му гостува на Интер

Елмас останува во Наполи и во новата сезона

ВИДЕО: Навивач влета на теренот за селфи со Елмас

Катерина Ѓуровски

Елмас втор пат позитивен на коронавирус

Ана Ололовска