Кривична пријава против светиниколец, пронајдени 3.066 парчиња пиротехнички средства

Од:

Полициски службеници поднеле кривичнa пријавa против жител на Свети Николе откако при претрес во домот на пријавениот пронашле и одзеле 3.066 парчиња пиротехнички средства, информира Министерството за внатрешни работи.

– Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривичнa пријавa против З.Р.(55) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали“. На 23.12.2021, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле 3.066 парчиња пиротехнички средства, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски

Поднесени кривични пријави за родителите на малолетничките кои тепаа и малтретираа 13-годишно девојче

Измамнички пораки за казни од „Сејф сити“ водат до непосточека веб страница на МВР

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје

(ВИДЕО) За да се избегнат грешки при испраќање на казните од „Безбеден град“, возачите ќе добиваат код

МВР: Лажна е дојавата за поставени бомби во трговски центар во Скопје

А1он