Талибанците тврдат дека речиси 10 отсто од Авганистанците се зависници од дрога

Од:

Во моментов во Авганистан има околу 3,5 милиони или девет отсто зависници од дрога, изјави заменик-министерот за здравство на талибанците, Абдул Бари Омар.

– Три ипол милиони луѓе во земјата се зависници. Секој од нив користи дрога вредна три американски долари дневно, изјави Омар гостувајќи на локална телевизија.

Според Обединетите нации, делот од земјоделското земјиште во Авганистан што се користи за нелегално одгледување опиум во 2020 година е зголемен за 37 отсто во споредба со 2019 година.

Производството на опиум сочинува од шест до 11 отсто од БДП на земјата.

За врем е на претходното владеење на талибанците од 1996 до 2001 година, производството и продажбата на дрога беа главниот извор на финансирање на нивната влада.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авганистанките излегоа на протест, талибанците ги растераа со водени топови

Катерина Ѓуровски

Талибанците им забранија на жените да работат во невладини организации

Талибанците им забранија на жените да посетуваат универзитети

Талибанците им забранија на Авганистанките да одат во забавни паркови

ОН ги повикуваат талибанците да ги ослободат приведените активисти за правата на жените

Една година подоцна, ЕУ ги критикува Талибанците за злоставување на авганистански жени и девојчиња