Новогодишната ноќ помина мирно оценува МВР

Од:

Новогодишната ноќ во државава помина мирно, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир. Регистрирано е намалување на бројот на кривичните дела на територијата на цела држава.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се приведени вкупно 12 лица, а регистрирани се 18 прекршоци на јавниот ред и мир, од кои најголем дел физички напади и физички пресметки. Во текот на новогодишната ноќ се случиле седум сообраќајни незгоди, од кои најголемиот број со материјална штета, при што не се регистрирани жртви.

-На подрачјето на СВР Скопје бележиме намалување на бројот на кривичните дела за разлика од минатата година, односно вкупно четири, и тоа по едно насилство, разбојништво, тешка кражба и нарушување на неповредливоста на домот, пет лица се приведени заради нарушен јавен ред и мир и сомнение за кражба. Регистрирани се осум нарушувања на јавниот ред и мир, од кои три физички напади, една физичка пресметка и два прекршока со карање, викање и непристојно однесување. На подрачјето на СВР Охрид регистрирани се тешка кражба, кражба и неовластено пукање со огнено оружје, од слобода се лишени две лица, од прекршоци регистрирани се четири нарушувања на јавниот ред и мир. На подрачјето на СВР Битола регистриран е напад на службено лице при вршење работи на безбедноста, 10 возила се исклучени од сообраќај поради возење под дејство на алкохол, едно лице е лишено од слобода.

Мирна новогодишна ноќ имавме и на подрачјето на СВР Штип, регистриран е нарушен јавен ред и мир од страна на малолетни лица на подрачјето на Свети Николе и еден во угостителски објект во Кочани. На подрачјето на СВР Куманово регистрирани се три нарушувања на јавниот ред и мир и кривични дела „насилство“ и „залутано зрно“. На подрачјето на СВР Струмица регистрирани се две кривични дела, и тоа кражба и оштетување на туѓи предмети, и еден прекршок за „лажно пријавување“. На подрачјето на СВР Тетово констатирани се едно кривично дело насилство и три прекршоци за нарушен јавен р ед и мир, а приведени се пет лица. На подрачјето на СВР Велес не се констатирани кривични дела, ниту прекршоци против јавниот ред и мир, информираат од МВР.

Според информациите од кризниот штаб на подрачјето на Гевгелија откриени се 11 лица мигранти од кои девет од Пакистан и две лица мигранти од Авганистан и сите се пренесени во Транзитниот центар Винојуг за понатамошна постапка. При извршени контроли на патнички возила констатирани се 125 прекршоци, од кои осум за неносење заштитна маска и 117 сообраќајни прекршоци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Агитирање и летоци – нема посериозни инциденти за изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Поткуп со бонови за бензин, агитирање, закани по телефон за време на предизборниот молк

Катерина Ѓуровски

Одбележан Денот на македонската полиција

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – еден од напаѓачите полицаец

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он