Објавени добитниците на првите годишни награди на Македонска берза за 2021

Од:

Добитници на првите годишни награди на Македонска берза за 2021 година се:

1. Категорија „Акција со најголем промет во 2021 година“

· Во конкуренција на акционерски друштва над 50 милиони пазарна капитализација добитник е Комерцијална банка АД Скопје

· Во конкуренција на акционерски друштва под 50 милиони пазарна капитализација добитник е Македонијатурист АД Скопје

2. Категорија „Акција со најголем пораст на цената во 2021 година“

· Во конкуренција на акционерски друштва над 50 милиони пазарна капитализација добитник е НЛБ Банка АД Скопје

· Во конкуренција на акционерски друштва под 50 милиони пазарна капитализација добитник е Макстил АД Скопје

3. Категорија „Акција со најголем пораст на прометот во 2021 година“

· Во конкуренција на акционерски друштва над 50 милиони пазарна капитализација добитник е Македонски Телеком АД Скопје

· Во конкуренција на акционерски друштва под 50 милиони пазарна капитализација добитник е Макстил АД Скопје

4. Категоријата „Членка на годината за 2021 година“

· Членка на годината која има остварено најголем промет и трансакции од редовно тргување со акции – добитник е Илирика Инвестмент АД Скопје

· Членка на годината која има остварено најголем промет и трансакции со обврзници – добитник е Еурохаус АД Скопје

5. Категорија „Најтранспарентно котирано акцинерско друштво за 2021 година“ – по избор на пазарни учесници и по избор на новинари – во двете категории добитник е Алкалоид АД Скопје

6. Во категоријата „Акција на годината за 2021 година по избор на јавноста“ – добитник е Алкалоид АД Скопје

7. Категорија „Годишна награда за придонес во областа на едукацијата и развојот на пазарот на хартии од вредност“ – добитник е СЕПУГС „Арсени Јовков“ Скопје. Воедно, комисијата за доделување на оваа наградата одлучи да се додели и посебна благодарница на УСАИД Северна Македонија за повеќегодишен придонес во овој домен.

Надградувајќи ја досегашната пракса на наградување на своите членки и котираните друштва, Македонската берза АД Скопје од оваа година започнува со нов концепт на доделување годишни награди во повеќе категории. На овој начин Берзата сака да им даде јавно признание на најпрепознатливите и најактивни учесници и други субјекти кои се директно или индиректно поврзани со македонскиот пазар на хартии од вредност.

Наградите за категориите од 1 до 4 се доделуваат согласно утврдени процедури за статистичка анализа на остварениот берзански промет во тековната година. Наградите за категориите под 5 се доделуваат врз основа на добиени гласови на избрани претставници од конкретните професии. Наградата за категоријата 6, Акција на годината по избор на јавноста, се доделува согласно гласовите на пошироката инвестициска јавност врз основа на заедничка анкета на Берзата и порталот „Фактор“. Наградата за категоријата 7 ја доделува посебна комисија за избор формирана од Берзата.

Би можело да ве интересира

Ново задолжување од 74 милиони евра, издадени три државни обврзници

Претседателката на КХВ, Нора Алити: Со изолација не може да се постигне доверба и интегритет на пазарот на капитал

Горан Наумовски

Стопанската комора бара од „Македонска берза“ одложување на новите правила за котација и кодекс за управување

На „Инвеститорискиот ден“ склучени најголем број трансакции годинава

А1он

КХВ и наложи на Македонската берза привремено да го прекине тргувањето со акциите од ЗК Пелагонија

На „Инвеститорскиот ден“ на Берзата склучени 339 трансакции

Жарко Настоски