Објавени добитниците на стипендии од МОН за втор и за трет циклус студии за 2021/2022

Од:

Министерството за образование и наука денеска ги објави листите на добитници на стипендии за студии од втор циклус и за студии од трет циклус во земјава за академската 2021/2022 година од конкурсите распишани на 30 јули 2021.

Добитниците на стипендија на домашна адреса ќе добијат решение за прифаќање на апликацијата и ќе бидат дополнително контактирани за потпишување на договорите за доделување на стипендијата.

Кандидатите кои не се на списокот на добитници на стипендијата, на домашна адреса ќе добијат решение во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена, како и упатство за правно средство против донесеното решение.

Незадоволните кандидати до Министертството може да достават претставка со цел повторно разгледување на нивната пријава.

Како што е наведено во објавата на МОН, поради неисполнување на квотата од број на стипендии предвидени за доделување, останува отворен Конкурсот за стипендии за студии од втор циклус за 2021/2022, а поради исполнување на квотата се затвора  Конкурсот за стипендии за студии од трет циклус.

Би можело да ве интересира

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов

МОН за протестот на универзитетите: Ако постои волја во Собранието за колективен договор, ние ќе учествуваме во преговорите