Од Ковид-19 почина еден од најголемите противници на вакцинацијата

Од:

Еден од најголемите противници на вакцинацијата во Холандија, Робин Франсман, дипломиран политиколог и економист, почина вчера како последица на инфекција со коронавирус.

Според пишувањата на медиумите, 53-годишникот не сакал да се вакцинира и критички се изразувал кон вакцините против Ковид-19 на социјалните мрежи.

Тој на 3 декември објави на Твитер дека е заразен со Ковид-19. „Корона позитивен. Време Беше“, напиша Франсман кој ја основа иницијативата „Закрепнување на Холандија“ („Херстел НЛ“), чии членови се спротивставија на острите епидемиолошки мерки.

Тие на почетокот на годината презентираа план како општествениот живот во Холандија и во време на коронавирусот да се одвива непречено и побараа, меѓу другото, да се воспостават „безбедни зони“ со строги правила за особено ранливите групи, додека надвор од таа зона се да биде повторно можно.

Министерот за здравство Уго де Јонге го отфрли предлогот, тврдејќи дека е „опасен по живот“ за граѓаните.

Би можело да ве интересира

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина