Велика Британија вети 142 милиони долари помош за ранливите земји за справување со Омикрон

Од:

Велика Британија вети 105 милиони фунти (141,7 милиони американски долари) итна помош за ранливите земји, особено во Африка, за да се справат со ширењето сојот Омикрон на коронавирусот.

Владата во Лондон синоќа соопшти дека парите ќе бидат искористени за мерки за намалување на ширењето, зајакнување на тестови и зголемување на залихите на кислород.

Министерството за надворешни работи истакна дека Лондон веќе ја исполнил својата обврска да обезбеди 30 милиони вакцини на други земји до крајот на 2021 година, како дел од вкупно 100 милиони дози што Велика Британија вети дека ќе ги донира.

Британската Влада досега донираше 24,6 милиони дози на глобалната мрежа за дистрибуција на вакцини Ковакс и 5,5 милиони директно на сиромашните земји како Кенија, Јамајка и Индонезија.

Би можело да ве интересира

Британската полиција уапси петмина осомничени за тероризам

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Британски полицаец две децении силувал и злоставувал жени

Катерина Ѓуровски