Палеонтолози ископале фосил на опаш од диносаурус стар 72 милиони години

Од:

Мексиканскиот Национален институт за антропологија и историја соопшти дека во палеонтолошките ископини во регионот Генерал Капеда, во покраината Коахуила e пронајден фосил на опаш од диносаурус кој живеел пред 72 милиони години, јави Анадолија.

Се уште не е утврдено за кој вид диносаурус се работи, а палеонотологот Фелиса Агилар изјави дека ископувањето траело 20 дена и оти станува збор за диносаурус долг околу 12 метри.

Во соопштението се наведува дека е ископан опаш долг пет метри, составен од 50 пршлени и дека се работи за прв таков опаш, кој е откриен во неоштетена форма.

На локацијата, се додава во соопштението, се пронајдени и неколку коски на диносаурус од пределот на колковите.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска