По завршувањето на дуелот Вардар – Стеауа, кој поранешниот европски шампион го доби со 2:1 тренерот на Вардар, Благоја Милевски на прес- конференцијата истакна дека е задоволен од играта, но не и од резултатот.
– Жалам што вака не игравме и во Букурешт на првиот натпревар. Во одделни делови од натпреварот бевме и подобар тим, но не ги искористивме своите шанси. Стеауа покажа дека е голема екипа кога повторно ги казни нашите грешки и постигна голови, рече Милевски.
Тренерот на гостите Лаурентиу Регекамп, изјави дека е среќен што победиле.
– Тоа беше нашата цел кога сигнавме во Скопје. Вардар одигра добро и квалитетно, можеби и не заслужи пораз. Наша цел сега е да го минеме следниот ривал и секако да се пласираме во групите од Лигата на шампионите, нагласи Регекамп.