Арсовска: Надворешната изградба на Универзална сала ќе се заврши, за внатрешната реконструкција претходната градска власт нема ниту проект

Од:

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на денешниот брифинг со новинарите истакна дека е почната реконструкција на Универзална сала, а за внатрешната реконструкција претходната градска власт воопшто нема проект.

– Проектот за реконструкција на Универзалната сала продолжува, тоа е тековен проект финансиран од Владата – објасни градоначалничката Арсовска.

Во однос на втората фаза од реализацијата на овој проект, односно за внатрешното реконструирање на Универзална сала, градоначалничката Арсовска истакна дека нема проектна документација, а не се обезбедени ниту финансиски средства, потенцирајќи дека буџетот е во катастрофална состојба и Градот во моментов е презадолжен.

Би можело да ве интересира

Безбедна е водата за пиење во Скопје

А1он

Отстранет e билбордот „Добредојдовте во Скопје“

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти

А1он

Ѓорѓиевски и Град Скопје велат дека снегот не ги изненадил

Катерина Ѓуровски

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски