Централната банка на Кина ќе ја поддржи стабилноста на економијата во 2022 година

Од:

Централната банка на Кина ќе ја поддржи стабилноста на економијата во 2022 година, изјави гувернерот на Централната банка на Кина Ји Ганг.

– Соочена со пад на побарувачката, проблеми со снабдувањето и падот на очекувањата, кинеската економија е под краткорочен притисок, така што сега е неопходно одржување на стабилноста, рече Ји Ганг.

Како што нагласи, Централната банка ќе обезбеди монетарна политика која е и флексибилна и целисходна, и ќе одржува висока стапка на ликвидност.

– Со просечна каматна стапка на корпоративните заеми под пет проценти оваа година, што е најниска досега, Централната банка ќе продолжи да поттикнува рефинансирање на малите бизниси и да ја зголемува квотата по потреба, рече Ји Ганг.

Би можело да ве интересира

Кина го поддржа планот на Украина, Европа и САД

Катерина Ѓуровски

Кина и САД ги почнаа преговорите за царините

ВИДЕО: Пресврт во трговската војна, САД бара преговори

(ВИДЕО) Кина објави драматична порака до Трамп: Нема да потклекнеме пред насилникот

(ВИДЕО) Трагедија во Кина: Пожар избувна во ресторан, најмалку 22 мртви

Кина размислува за укинување на царините за некои американски производи

Горан Наумовски