Шпанскиот фудбалер Феран Торес е нов играч на Барселона, потпишувајќи денеска договор со важност до 30 јуни 2027 година, потврди каталонскиот клуб.
Феран доаѓа од редовите на англискиот шампион Манчестер сити за сума од 55 милиони евра, плус дополнителни десет милиони евра во вид на бонуси, што го прави најскап фудбалер во историјата на Барселона. Рекордот досега го држеше Давид Виља за кого каталонскиот гигант своевремено плати 40 милиони евра.
Шпанскиот напаѓач од август 2020 беше член на Манчестер сити и за англискиот клуб постигна 16 голови на 43 натпревари.
Торес нема одиграно натпревар од октомври поради повреда на стапалото.