Шампионот на УС Опен од 2020 година, Доминик Тим, ќе го пропушти Грен слемот „Австралија Опен“.
– Како што сите знаете, се вратив дома во Австрија за да соберам сила од напорните тренинзи во Дубаи и малото нарушување во мојата подготовка. Сега повторно се чувствувам добро, зглобот ми е во оптимална состојба и вежбам нормално, со многу добар интензитет, напиша Тим на Твитер.
Тенисерот изјави дека сезоната ќе ја започне на турнирот во Аргентина на крајот на јануари.
Тим претходно го пропушти ревијалниот турнир во Абу Даби. Дваесет и осумгодишниот Австриец нема играно натпревари од јуни оваа сезона поради повредата.