Талибанците им забранија на авганистанските медиуми да емитуваат странски серии

Од:

Талибанците им забранија на локалните медиуми во Авганистан да емитуваат странски серии кои го прекршуваат шеријатскиот закон, прикажуваат жени без хиџаб и секаков вид на песни, соопштија претставници на медиумите.

Тие рекоа дека Комисијата за култура им забранила на девојките да носат модерна облека, дури и во реклами. Сите жени мора да носат хиџаб. Покрај тоа, медиумите мора да ги отфрлат странските телевизиски серии кои се во спротивност со авганистанската култура и шеријатскиот закон, а употребата на песни е строго забранета.

Комисијата соопшти дека медиумите треба да даваат „балансирани“ вести што не се засноваат на гласини. Странските медиуми кои се емитуваат во Авганистан мора да ги исполнуваат стандардите поставени од властите во земјата, во спротивно тие ќе бидат забранети.

Според претставниците на медиумите, поради овие забрани ќе мора да се затворат претставништвата на некои медиуми. Тие истакнаа дека ограничувањата наметнати од талибанците ја отежнуваат работата на медиумите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авганистанките излегоа на протест, талибанците ги растераа со водени топови

Катерина Ѓуровски

Талибанците им забранија на жените да работат во невладини организации

Талибанците им забранија на жените да посетуваат универзитети

Талибанците им забранија на Авганистанките да одат во забавни паркови

ОН ги повикуваат талибанците да ги ослободат приведените активисти за правата на жените

Една година подоцна, ЕУ ги критикува Талибанците за злоставување на авганистански жени и девојчиња